Промени тема
Контакт

Прободен маж со нож од страна на српски државјанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на друга маса седел осомничениот со уште едно лице.

— реклама —
— реклама —

Двајцата под дејство на алкохол, започнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни. Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го прободел со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект. Со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.

— реклама —

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

63-годишник пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од две лица, потоа го пријавиле него дека нападнал малолетник со остар предмет

Македонија | пред 30 минути

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

43-годишен маж уапсен во Прилеп по напад врз сопругата

Македонија | пред 32 минути

media-libraryl57p2o6jkug75UUGPVk

56-годишна скопјанка пронајдена почината во автомобил на автопатот Гевгелија-Велес

Македонија | пред 41 минута

media-library946ngmkpnkfo2kaR0rR

По сообраќајна незгода настанала расправија, па дошло и до физички напад

Македонија | пред 58 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања