Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Процедура за пријавување вакцинирање во Србија, нус појави, детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcini-1

Поминаа 24 часа од кога се вакцинирав, и добив многу прашања од пријатели поврзани со истото, па еве ги одговорите за сите:

- Процедура за пријава во Србија

1. Се вакцинирав со AstraZeneca, таа во моментов е единствена достапна за странци во Србија.

— реклама —
2. Се регистрирав на следниот линк: https://imunizacija.euprava.gov.rs/#novaprijava

3. Не, нема потреба од српски број, само пиши '063897.....' во полето, и осигурај се дека мејлот ти е точен.

4. При пополнувањето можеш да одбереш дали сакаш да се вакцинираш со било која вакцина достапна на лагер (јас тоа одбрав), или да одбереш специфични (но помали шанси да те викнат ако не вакцинираат со таа).

5. Чекав околу месец дена за да ме повикаат, но викендов ги викнаа сите, така што тие што се пријавија само неколку дена пред викендов, исто беа викнати.

6. Вчера изјавија од Србија дека веќе нема да се примаат луѓе без закажан термин, така да подобро е да се пријавите.

— реклама —
- Процедура на лице место

1. Се чека на ред, на белградско сајмиште (или во Ниш), временскиот темин не значи многу, дојди порано е моја препорака.

2. Кога ќе дојдеш на ред, прво доктор те прашува неколку прашања за да установи дали можеш да примиш одредена вакцина, потоа се внесуваат твои информации во систем, потоа те вакницираат и на крај седиш 10 минути во салата за не дај боже да имаш некои реакции, да може да интеренираат.

3. Добиваш потврда (и принтана и на меил) дека си примил/а прва доза.

4. Втората доза (за AstraZeneca) следи за 12 недели, и ќе бидеш повикан повторно. Ако во МК почне да работи процесот на имунизација, ќе можеш и овде да ја примиш.

— реклама —
- Нус појави

1. Секоја вакцина си носи свои нус појави, јас можам да зборам само за AstraZeneca и како моето тело реагираше на неа.

2. После 7-8 часа, почна покачена температура, до 38.8, проследено со треска и главоболка. Траеше цела вечер.

3. Следниот ден (денес) имам само главоболка, што полека низ денот трбеа да се смири.

4. Очекувано е да имаш температура, телото работи на креирање на антитела.

5. Ако температурата стане повисока, можеш да си земеш парацетамол, за да помогне при намалување на истата. Шпанската влада препорачува по еден парацетамол на секои 6 часа, првите 24 часа по примањето на вакцината.

— реклама —

-----

Ако ми текне уште нешто, ќе ја дополнам листава 🙂

извор: Горјан Јовановски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања