Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Продаваме вода, а немаме за леб“ – протест на работниците од „Водостопанството“ пред Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Агросиндикатот и работниците од „Водостопанството“ во државна сопственост денес излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.

— реклама —


— реклама —

Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите, од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.


— реклама —

„Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие сложени услови за живеење предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме“, велат од Сојузот.

— реклама —

Се додава дека ако не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк, со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека „Водостопанството“ како претпријатие е крвотокот на земјоделството.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања