„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20191118_1122500

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски имаше работна средба со владина делегација од Народна Република Кина.Целта на посетата е продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на царината, извозот/увозот односно трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло.

— реклама —

Во рамките на посетата се иницираа различни прашања кои се однесуваат на трговските односи, кои вклучуваат инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Народна Република Кина. Исто така, се дискутираше за статусот на доставените барања од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за извоз на производи од животинско потекло како што е извозот на јагнешко месо, млечни и месни производи, извоз на квасец за употреба во храна за исхрана на животни.

— реклама —

На состанокот се дискутираше и за потребата од ревизија на Протоколот за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Северна Македонија во Народна Република Кина помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Генералната дирекција за квалитет, контрола, инспекција и карантин на Народна Република Кина.

Со цел продлабочување на трговската соработка помеѓу двете земји, се разгледаа и фитосанитарните барања за извоз/увоз на растенија и производи од растително потекло, како и потребата од размена на искуство и обука на службеници во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика. Ќе се направат и напори да се добие одобрување македонските компании да можат слободно да извезуваат земјоделски и прехранбени производи на кинескиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања