Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Продолжен притворот на Камчев, одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

orce-kamcev

Одбраната на Јордан Камчев ќе поведе постапка за незаконитост на докази кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост со кои е изречена мерка притвор, со што ќе барат тој да се брани од слобода. Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски на прес конференција во болницата „Аџибадем Систина“ ја обвини власта за киднапирање и тортура кон неговиот клиент кој речиси еден месец е во притвот во Шутка. Тој посочи дека неговиот клиент бил оставен пет дена без вода за пиење и санитарна вода, објави slobodnaevropa.mk. 

Во излагањето околку доказите, Менкиновски изјави дека доказите прибавени од АНБ а со кои се стравувало за бегство, биле прибивани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата, и не може да се користат, и врз нив не може да се заснова судската одлука за притвор на Камчев.

— реклама —

„Она што е симптоматично е како различни институции во Македонија една иста белешка различно ја читаа. Судот ја чита дека постои опасност од бегство во Република Бугарија, додека премиерот ја интерпретира сосема поинаку и тврди дека содржината во таа белешка е сосема друга. Како и да е, процедурата е повредена. АНБ чекала месец дена и во тој месец имала обврка да го извести Бирото за јавна безбедност, и да каже, ако е тоа така, дека постои основано сомнение дека одредено лице ќе се даде во бегство. Тие тоа не го сториле, го информирале јавниот обвинител и повторно го повредиле законот, бидејќи информација за јавен обвенител што тие можат да си го дозволат во делот шпионажа таксативно е наведена во законот за АНБ за кои дела можат да го информираат јавниот обвинител. Тука имаме прескокнување на институции и со тоа имаме класична нелегитимност на доказ употребен во судска постапка“ изјави адвокатот Менкиновски.

— реклама —

Адвокатот на Камчев чека судот да се произнесе, доколку не, тогаш ќе се поведе постапка и пред Европскиот суд за човекови права.

— реклама —

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања