Промени тема
Контакт

Продолжен рокот за субвенции за приклучок и котел на гас – до 30.000 денари поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
pari

Граѓаните ќе имаат дополнително време да аплицираат за државна финансиска поддршка за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас, откако Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот до 31 октомври 2026 година.

Измените на Програмата за поттикнување на снабдувањето со гас во домаќинствата веќе се објавени во „Службен весник“, со што се овозможува поголем број домаќинства да ја искористат мерката.

Со програмата е предвидена финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас.

— реклама —

За оваа намена се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се распределуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до нивното исцрпување.

— реклама —

Право на аплицирање имаат домаќинствата што во текот на 2026 година ќе извршат приклучок на природен гас, како и оние што ќе набават котел на гас за објект кој веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Секое домаќинство може да поднесе едно барање.

По истекот на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа пристигнатите апликации, а финансиската поддршка ќе им биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат предвидените услови.

— реклама —

Од Министерството ги повикуваат заинтересираните граѓани навреме да ги достават своите барања согласно со условите од јавниот повик, а дополнителни информации се достапни на официјалната интернет-страница на Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања