Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Продолжениот празничен викенд Охрид исполнет во целост, забава за сечиј вкус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-12

Продолжениот празничен викенд веќе по правило го означува шпицот на летната туристичка сезона во Охрид и на охридското крајбрежје. Хотелските сместувачки капацитети се исполнети во целот од почетокот на сезонава, а хотелиерите и оние кои нудат приватно сметување велат дека веќе се резервирани капацитетите до крајот на сезоната.

Редовно за Илинденските празници посетеноста на Охрид значи и богата кутурно-забавна понуда, со содржини за сите вкусови и генерации. Покрај редовната програма на „Охридско лето“ која по правило за празникот и за роденденот на фестивалот 4 август нуди издвоени содржини, како гостувањето на рускиот театар „Караганда“ со претставата „Сон на летната ноќ“ на Шекспир на 2 август и концертот на дуото Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 4 август.

— реклама —

Одлична посетеност најавија и организаторите на концертите во рамки на „Ohrid calling“ што ќе се одржува наредните четири дена, во чии рамки ќе настапат бројни врвни имиња од светската електронска забавна сцена. Според продажбата на билетите, се очекува во Охрид само за концертите на „Ohrid calling“ да присуствуваат околу 50 илјади посетители.

— реклама —

Празничните денови закажани се и концерти на „Некст тајм“, Жељко Јоксимовиќ, забавата на зајдисонце на 3 август во рамки на првото издание на „Аманет“ фестивалот и многу други забавни содржини.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања