„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Продолжете во благопријатна атмосфера, ама немате двотретинско мнозинство, порача Вељаноски и излезе од салата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
veljanoski

— реклама —

— реклама —

Менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој веднаш по премиерот Зоран Заев се обрати пред членовите на собраниската Комисија за уставни промени, а по обраќањето ја напушти салата.

„Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.

Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.

„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлегување народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е императив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот“, изјави Вељаноски.

Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и дел од нив сепријавени за реплики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања