Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Продолжи „војната“ меѓу Кисела Вода и СДСМ: Ѓорѓиевски да ги пренамени 100.000 евра за граѓаните наместо за партиски послушници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
orce

„Градоначалникот на општина Кисела Вода годинава ќе потроши 100.000 евра на авторски договори на свои блиски луѓе, на партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Бојан Петрески од СДСМ.

— реклама —

Тој додава:

„Во време на криза, кога општината вели дека нема пари да плаќа струја и парно, градоначалникот ќе потроши огромни средства за вдомување на свои блиски луѓе.

— реклама —

100.000 евра за општинскиот буџет се сериозна сумa со која може да им се помогне на граѓаните, можат да се реализираат неколку важни проекти за општината.

Наместо да наградува роднини, сопартијци и пријатели, Ѓорѓиевски овие пари да ги пренамени за помош на граѓаните.

Граѓаните, општината не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на парите од страна на градоначалникот.

Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, и денес тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања