„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Продолжува Еко-патролата за едукација на граѓаните со цел правилно постапување со отпадот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
56196772_325811938121711_6823305575539933184_n

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжува со едукативните активности на терен, со цел информирање на граѓаните како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. Во скопските општини Аеродром и Кисела Вода, граѓаните беа едуцирани дека Законот за јавна чистота забранува градежниот и кабастиот отпад да се одлага на јавните површини или во контејнерите и информирани дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им овозможува  електронската, електричната опрема и застарениот мебел да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

— реклама —

Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања