Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој потона во Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
FB_IMG_1664625793920

РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27.09.2022 година излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино. Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет (9) припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим, осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население. Од страна на граѓани се обезбедени и пет (5) дрона за воздушно набљудување, но поради дождот истите моментално не дејствуваат и се чека да се создадат услови за и тие да се вклучат во потрагата. Состојбата се следи и ако има нови моменти ќе информираме.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања