Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Продолжува потрагата по жената која се фрли во Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
most-bliznak-vardar

 

— реклама —

Регионалниот ЦУК Велес, од вечерта после полноќ во саботата на 31.12.2022 година, континуирано е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар од Мало Мовче во Велес,.

— реклама —

Денеска, согласно вонредна информација од 12.00 часот од Регионалниот ЦУК Велес (ПО РКОА РЦУК Велес) и координација со субјектите - институциите учесници во Системот за управување со кризи (СУК), Полицијата - СВР Велес и пожарникарите - ТППЕ Велес, коишто учествуваат во потрагата, лицето коешто се фрлило во Варадар не е пронајдено. Во текот на денот потрагата се одвивала од копно, од централното градско подрачје низводно до с. Кочилари како и вчерашниот ден. Се продолжува трагањето со редовната патрола од страна на СВР Велес. Заради временските услови, конкретно намалена видливост и зголемен водостој на р. Вардар, било утврдено дека условите денеска не дозволуваат друга поголема акција. Потрага по лицето се планира да продолжи во текот на утрешниот ден (02.01.2023 година), при што е побарано од страна на СВР Велес да бидат вклучени ДСЗ со својот тим за заштита и спасување на вода, а според одѕивот и можностите да се вклучат и доброволни друштва и кајакари.

— реклама —

Инаку, хронолошки согласно документираниот итен случај, на лице место веднаш после полноќ на 31.12.2022 година, било барано телото на лицето од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. Истовремено преку ЦУК, паралелно со итната потрага координирана од РЦУК Велес со СВР Велес и ТППЕ Велес, биле известени сите релевантни институции - субјекти во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

Од утрото вчера (31.12.2022 година), потрагата продолжила, при што биле вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарувал теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања