Продолжува проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ со онлајн курсеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Град Скопје почна да ги реализира бесплатните тримесечни онлајн курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик во 10 средни училишта. Курсевите се наменети за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост.

— реклама —

Овој проект Град Скопје почна да го реализира во месец март минатата учебна година, но поради пандемијата со КОВИД 19, курсевите беа прекинати.

— реклама —

Со оваа активност ќе бидат опфатени 257 ученици кои ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 102 ученици и 56 наставници кои ќе посетуваат курс по албански јазик и 105 ученици и 15 наставници кои ќе следат курс по турски јазик. Со посетување на курсевите младите ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација.

— реклама —

Курсевите ги држат наставници вработени во средните училишта, истите ќе бидат логистички и финансиски поддржани од Град Скопје, а со нив се опфатени следниве училишта: СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Арсени Јовков“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Боро Петрушевски“, СУГС „Зеф Љуш Марку“, СУГС „Јосип Броз-Тито“, СУГС „Димитар Влахов“ и СУГС „Георги Димитров“.

Во другите 13 училишта на Град Скопје вакви курсеви ќе бидат организирани во второто полугодие од оваа учебна година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања