Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Продолжува растот на извозот и нови работни места во ТИРЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
iycrogoyvk6ngeslje08

​Растот на извозот и работните места во ТИРЗ продолжува и во февруари.

— реклама —

„Редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20% повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26% во однос на 2021, односно 53% во однос на 2020 година, а е на исто рамниште со февруари минатата година.

— реклама —

Регистриран е и раст на увозот во февруари. Компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од речиси 270 милиони евра што е за 22% повисок од претходниот месец. Споредено со февруари 2022 извозот е понизок за 10%, но е повисок за 11%, односно 12% во однос на 2021 и 2020 година.

— реклама —

Продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со февруари е 23,5%.

— реклама —

Бројот на вработени во зоните во јануари повторно бележи раст и достигна ниво од 16,500 што е за 14% повисок споредено со февруари 2022. Само во првите два месеца од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 190 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања