„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

   Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство и за предметот „Тарифа“.

— реклама —

На претходните рочишта на раздвоената постапка  за „Тенк“, која се води против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беа изнесен материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Сведоците кои даваа исказ на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

— реклама —

Во Кривичниот суд денеска продолжува и судењето на поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања