Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, во второ читање.

— реклама —

Расправата почна вчера, а согласно собранискиот Деловник, може да трае најмногу три дена.

— реклама —

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението истакна дека ребалансот базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП.

-Се врши минимална корекција на приходната страна на Буџетот и приспособување на одделните делови од буџетската потрошувачка до крајот на годината. Позначајни дополнителни средства се алоцираат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Со цел подобрување на фискалната позиција на општините се предвидуваат и три милијарди денари за финансиска поддршка на општините и единките корисници основани од нив, пред сѐ училишта, за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, објасни Тевдовски.

— реклама —

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта води катастрофална економска политика, а со ребалансот, наместо да овозможи реализирање капитални инвестиции, значително ги крати средствата, посебно за здравството и образованието. Тие сметаат дека е погрешна и одлуката за финансиска поддршка на општините со која, преку алоцирање поголем дел од буџетските пари, ќе им се помогне на локалните самоуправи да ги подмират или намалат долговите.

— реклама —

Реплицираше министерот Тевдовски, потенцирајќи дека фискалните параметри се одлични, а остварувањето на приходите е според проекциите што е првпат случај по подолго време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања