Продолжува соработката со волонтерите на Црвен Крст - помош за пронаоѓање на соодветната Клиника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники "Мајка Тереза", како дел од проектот „Водач во болница“.

— реклама —

— реклама —

— реклама —
Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15.09.2020 повторно започнува со работа на шест локации.

Поставени се локатори на 6 места и тоа на УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести - Скопје и УК за интерни болести, кадешто вкупно 9 лица се достапни за информирање на граѓаните.

Во изминатиот период овој проект се покажа како успешен со оглед на тоа што во целокупното функционирање, волонтерите им помогнале со упатување на вкупно 20 000 граѓани.

Во текот на обуките кои беа спроведени, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациентите, како и водење на лицата кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).

Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик.

Со сите овие активности, презентираме еден начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во Република Северна Македонија со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања