Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Продолжува судењето за „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sudenje-3

— реклама —

— реклама —

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани СМС и вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

— реклама —

На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во Собранието, од ходиникот пред канцеларијата на спикерот Вељаноски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.

Судечкиот совет во предметот „27 април“ минатата недела одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата здравствена состојба.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања