Приватните превозници продолжуваат со блокадите и нивните барања за исплата на како што велат, долгот од Град Скопје.
Булеварот „Илинден“ кај Град Скопје и утрово е блокиран на лентите на потегот од Фонтана до крстосницата кај ГОБ „8 Септмври“.
Пред почетокот на викендот, приватните превозници бараа средба со премиерот, Димитар Ковачевски, кој пак, истакна дека овој проблем треба да го реши Град Скопје и советниците.