Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Проекција од Сингапур: Коронавирусот од Македонија си оди 99% на 22 мај, а целосно на 16 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-2

Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн предвидува дека епидемијата на корона вирус во Македонија ќе заврши на 16 јуни оваа година, објави „360 степени“.

Во анализата спроведена во глобални рамки, нивната иновативна Лабораторија за проучување податоци проектира дека ковид-19 на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година, по што се очекува да стивне.

— реклама —

На веб-страницата на Универзитетот се прикажани проекции за голем број држави. Тие се базирани на математички модел наречен SIR (сомнителен-заразен-закрепнат) кој, според истражувачите, дава континуирана и предвидлива насока за развојот на заразата.

— реклама —

— реклама —

Според податоците за Македонија, се предвидува 97-процентно завршување на епидемијата на 13 мај, 99-отстотно на 22 мај, а во целост, ковид-19 на територијата на нашата држава ќе го снема до 16 јуни.

Кај нашите соседи и во земјите од регионот, од коронавирусот најбрзо ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е еден ден пред Македонија – 15 јуни. Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули. Според ова сценарио, најдолго со ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е посочен 7 октомври.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања