„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Проф. д-р Цветановска: Пресудно за подобра иднина на државата е на клучните позиции да се поставуваат високопрофесионални, успешни и докажани стручни лица во своите професии и средини!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
thumbnail

Интервју со проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска – МК Концепт – кандидат за листа на пратеници за ИЕ 1

— реклама —

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска  е Универзитетски професор на УКИМ во

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС-Скопје. Основно и средно образование завршила во Битола, а дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, како најдобар студент на генерација. После дипломирањето се вработува во ИЗИИС –Скопје, каде магистрира и докторира од областа на Земјотресното инженерство. Во текот на целиот нејзин работен век, работела во областа на проектирање на Аб згради, и тоа од анализа, димензионирање, оцена на сеизмичката отпорност, санација и зајакнување, развој на методологија и примена на ултра-јаки бетони во зградарството, па сѐ до имплементација на европската техничка регулатива, развивање на компјутерски програми за димензионирање на згради согласно повеќе прописи, ревизии на капитални објекти; (на пример 44 катните згради на Џевахир, проект ЛИМАК – Јужен булевар и многу други).

— реклама —

Како главен проектант и учесник во проекти дава придонес кон многу проекти реализирани во земјата и странство, (Италија, Алжир, Казахстан). Како проектант и учесник во проекти, има учествувано при проектирање на голем број на згради во Скопје, а посебно во изградбата на населбите Капиштец, Аеродром, Ново Лисиче, порта Влае, Скопје Север…

Во последните години, како главен проектант реализира уште неколку други проекти, и тоа на клучни инфраструктурни објекти во Скопје, од кои посебно го издвојува Клиничкиот Центар. Како Автор и коавтор се појавува на над 400 стручни и научни трудови од областа на градежништвото и земјотресното инженерство, трудови кои се објавени во земјата и странство. За нејзината успешна професионална дејност сведочат многу награди и признанија кои ги добила во текот на нејзината долга професионална кариера.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Мислам дека не само мој личен мотив, но убедена сум дека ќе биде и мотив на голем број на граѓани за приклучување на МК Концепт од повеќе причини.

Со години на политичката сцена се менуваа само две опции. Кога граѓаните ќе помислеа дека новата опција што доаѓа на власт ќе донесе нешто ново, иако со големи ветувања, многу брзо таа опција ги прифаќаше навиките и однесувањето на претходната, и обратно. …И така цели 30 години. Граѓаните се постојано во исчекување на подобро утре. Со МК Концепт, верувам дека за прв пат имаме граѓанска опција кај која програмата на делување е составена согласно барањата и потребите на граѓаните. Прв пат имаме граѓанска платформа која во своето работење и дејствување на прво место ги става интересите и реалните проблеми на граѓаните и нуди реални програми за решавање на истите.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Не, сум учествувала повеќе пати на избори преку политичка партија која имаше многу блиски програмски определби како МК Концепт, затоа и ја прифатив поканата за да бидам кандидат за пратеник во оваа Граѓанска опција.

ПОЛИТИКАШто според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Сведоци сме од минатото, дека на клучни позиции во извршната власт се поставуваа и се поставуваат луѓе кои воопшто немаат допирни точки со проблематиката со која раководат. Според мене, пресудно за подобра иднина на државата е на клучните позиции да се поставуваат високо професионални, успешни и докажани стручни лица во своите професии и средини. Потребни се луѓе на кои не им е потребна партијата за да ги реализираат своите интереси, туку луѓе кои се спремни да го вложат својот личен авторитет, знаење и умешност за реализација на програмските цели и задачи, луѓе кои се нудат на државата да направат добро за иднината на сите нас, нашите деца, нашите внуци…

ПОЛИТИКАКои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Последните два месеци, нашата земја, но и светот, се зафатени од пандемијата од новиот корона вирус. Покрај заболени и изгубени животи, загубите во економијата ќе бидат огромни, граѓаните ќе се среќаваат со големи проблеми пред се за својата сопствена егзистенција, а малите и средните претпријатија со големи финансиски загуби. Престои тежок период за секого. Основен приоритет во наредниот период треба да биде  вклучување на сите прогресивни сили од државата, без разлика на партиска, верска, национална припадност, во решавање на ново настанатите проблеми. Мора да се најде начин како да се обединат силата и разумот, мудроста и храброста, знаењето и работливоста , околу основните национални и државни интереси. Паралелно МК концепт треба да ги активира и реализира своите програмски определби за да се изгради модерна, средена  држава во која ќе живее здрава нација, слободен човек, задоволна младина .

ПОЛИТИКАКоја компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Компоненти кои ги нуди МК концепт, се изградени токму врз основа на барањата и проблемите со кои секојдневно се среќаваат граѓаните. Имајќи го во предвид тоа, не би сакала да одвојам посебно некоја компонента, но морам да истакнам дека најважно е дека МК концепт во својата програма нуди реален начин како да се искористи позитивната енергија, мотивираноста, добронамерноста, работливоста, знаењето и реализмот кој го поседуваат сите оние што се вклучени во оваа граѓанска опција, а сѐ тоа во насока на реализирање на компонентите кои ги нуди МК Концепт.

ПОЛИТИКАКако вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска : МК концепт предвидува да се направат реформи во економскиот систем,  претприемаштвото, одговорното управување, законските решенија, науката, образованието, здравството, градежништвото, земјоделието …а при тоа да се промовираат и да се воведат нови генерации на политичари, со кои може да се постигне фер општество, здрава нација, посветла иднина на младите.

ПОЛИТИКАЗа што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Целиот мој работен век го поминав во областа на науката, образованието и градежништвото, односно во проектирање и градење на објекти отпорни на земјотресни дејства. Тоа е областа каде лично ќе можам да дадам и најголем придонес кон промените кои ги предлага Македонскиот Концепт.

Заедно со останатите кандидати за пратеници (спој на младост, мудрост и знаење), ќе го трасираме патот за здрава, силна и модерна држава, патот кон европската унија и реализација на зададените цели и обврски на НАТО и ЕУ. Патот по кој ние чекориме и по кој ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, е патот кој не оди ни лево, ни десно! Тоа е патот кој нуди нов почеток, со нови луѓе, со нови визии…

Со еден збор тоа е вистинскиот пат. …Ние можеме и знаеме како!

ПОЛИТИКАЗошто проекти?

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Реализирањето на програмските цели поставени во било која партиска програма може да се оствари само преку предлагање на проекти со јасно зацртани цели и динамика на реализирање на тие цели. Предлагање на проекти, без јасно поставени цели, без разработка на начинот на реализација, може да бидат само празни ветувања, (како што имаме голем број на ветувања во минатото). Затоа МК концепт на барање и во интерес на граѓаните, има поставено и разработено голем број на проекти кои би биле основа за реализирање на зацртаните цели. Преку реализирање на поставените проекти може да се реализираат и поставените цели од МК Концепт.

ПОЛИТИКАОпишете ја Македонија за 5 години од сега.

Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Би сакала основните определби во МК Концепт да бидат реалност, да имаме средена и здрава држава, со изразено взаемно човечко почитување без разлика на политичка, верска и национална припадност. Држава во која ќе има мир, напредок и максимално почитување на човечкото достоинство и човековите права. Држава со која ќе раководат нови лица со нова енергија, држава на слобода и благосостојба на сите граѓани. Држава со задоволна младина, која со своето знаење и умешност ќе твори и ќе ја гради својата иднина во Македонија. Држава која конечно ќе биде дел од ЕУ.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања