Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Професор му удирал шлаканици на ученик во „Илија Николовски Луј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
uenik-profesor

Професорот и балетан Бобан Ковачевски од факултетот за балетска уметност му удирал шлаканици на малолетен ученик за време на претставата „Клеопатра“, одржана во МОБ. Ова пред камерата на Алфа го тврди мајката на ученикот. Причината објаснува таа, е што малолетникот на време не му донел вода на сцената додека траела претставата, откако Ковачевски го пратил да му донесе.

– Јас не го најдов детето на улица и не сум го пратила во училиште некој да ми го тепа, поготово не за време на претстава, па да го симнуваат од сцена, мислам дека тоа нее решение, се пожали Билјана Сарафова, мајката на детето.

— реклама —

Сарафова случајот го пријавила кај директорот, но тој и рекол дека не било ништо страшно и добро би било случајот се заборави.

— реклама —

– Од училиштето си го бранат професорот, велат дека децата биле недисциплинирани, што тоа нее така, а директорот ми рече дека повеќе не сака да зборува за случајот, додава Сарафова.

— реклама —

Директорот на училиштето Љупчо Коскаров за Алфа изјавил дека не е запознаен со ситуацијата, дека не сака да зборува и нема побарано одговорност од вработениот професор.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања