Универзитетскиот проф.д-р Темелко Ристески на социјалната мрежа фејсбук објави коментар под наслов: АРАМИИТЕ НЕ САКААТ ПРАВНА ДРЖАВА. Еве што напиша Ристески:
Како граѓанин очекував дека ќе се постигне консензус околу Законот за јавно обвинителство. По природа сум оптимист. Верував дека кај опозицијата конечно ќе превладее желбата да се најде решение за сите спорни прашања во врска со овој закон. Мојата верба беше базирана на секојдневните изјави на Мицка и другите ДПМНЕ-овски челници за зацврстување на владеењето на правото, за правна држава, за зачленување на Републикава во НАТО и ЕУ. По информацитие за неуспехот на лидерската средба се искритикував самиот себеси велејќи си: „Е мој другар, многу си оптимист, ја изгуби од вид ДПМНЕ-овската практика на лаги и манипулации заснован на она гебелсовото: сто пати повторена лага делува како вистина.“ „Немој да бидеш оптимист кога е во прашање спасот на ДПМНЕ-овските арамии“, се прекорив.
„Лажат, слугите на Груја. Лажат, лажат, упорно лажaт. Никогаш да не наседнуваме на нивните лаги“ си реков во себе. Линијатa Будимпешта – Скопје и обратно постојано функционира. Вождот од Будима града, будно ја следи состојбата во замјава, ја цени ситуацијата, донесува одлуки, командува и дава инструкции. Слугите во Скопје, на чело со Мицка, извршуваат. Каузата е јасна и недвосмислена: да се спасат арамиите, да се издејствуваат предвремени избори, да се изманипулираат граѓаните, да се освои власта и да се продолжи со грабежот на веќе видениот, груб ДПМНЕ-овски начин, без исав и усул. Криминологијата повеќе пати докажала дека мега криминалот не знае за татковина, не знае за патриотизам, не ги ферма човековите права. Правната држава и владеењето на правото, редот и поредокот во општеството, не се посакувано окружување на мега криминалците од врхушката на ДПМНЕ -то. Колку поголем неред во општеството, колку помалку владеење на правото, толку подобра клима за мега криминалот. Од мега криминалци кои низ бројни криминални зделки ја олеснија државава за пет и кусур милијарди евра, не може да се очекува искрено да се борат за правна држава и за владеење на правото. Од нив не може да се очекува искрено да го посакуваат зачленувањето на Републикава во ЕУ и НАТО. Таму тие ќе бидат контролирани и не ќе можат да прават што сакаат со државава и со нас граѓаните. Македонија, нејзината сегашност, нејзинагта иднина, за нив очигледно се последна дупка на свирката. Арамиите се би дале за да се спасат од раката на правдата. Но нема да им успее.
https://www.facebook.com/100000660721029/posts/2733723786659619?sfns=mo