Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Предвремените парламентарни избори во Бугарија донесоа убедлива победа за партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од Румен Радев, покажуваат првичните резултати од излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места.

Според анкетата на агенцијата „Мерка“, спроведена во 19 часот и презентирана на Бугарското национално радио, „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите. На второто место е ГЕРБ-СДС со 14,8 проценти, додека трета е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ со 13,1 процент.

— реклама —

Во парламентот, според овие резултати, би влегле уште „ДПС – Нов почеток“ со 9,2 отсто, „Преродба“ со 5,3 проценти и „БСП – Обединета левица“ со 4 проценти.

— реклама —

Слични резултати покажува и истражувањето на „Маркет линкс“, според кое „Прогресивна Бугарија“ добила 38,9 проценти, ГЕРБ-СДС 15,4 отсто, а ПП-ДБ 13,6 проценти. Излезноста до 19 часот била 47,2 проценти.

Според проекциите за распределба на мандати, „Прогресивна Бугарија“ би имала 110 пратеници, ГЕРБ-СДС 44, ПП-ДБ 39, „ДПС – Нов почеток“ 21, „Преродба“ 14 и „БСП – Обединета левица“ 12 мандати.

— реклама —

И анкетата на „Алфа Рисрч“ потврдува водство на Радевата партија со 37,5 проценти, пред ГЕРБ-СДС со 16,2 и ПП-ДБ со 14,3 проценти.

— реклама —

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека очекувале победа, но нагласи дека ќе ги почека конечните резултати, како и гласовите од странство.

„Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови избори“, изјави Радев, алудирајќи на можноста за формирање стабилна влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 3 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања