Прогресивното оданочување се става во мирување во следните 36 месеци, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Во следните 36 месеци, стапката од 10 проценти ќе се применува на доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи, односно за оној доход за кој во сегашното решение е утврдена прогресија. Заедно со тоа ќе биде ставена во мирување и стапката од 15 проценти односно стапката од 10 проценти ќе се применува и за доход од права од индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, осигурување и друг доход, рече Ангеловска на прес-конференција во Владата.
Ова значи дека во мирување се ставаат сите мерки од пакетот за прогресивно оданочување, односно тие ќе бидат системски одложени се до 1. Јануари 2023. Според ова платите над 90.000 денари нема да се даночат со 18%, туку по 10%, а приходите од закуп од 15% паѓаат на 10 %. Се одложува и даночењето на катипалните добивки и на каматите на штедните влагови.