Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Производството на „Сникерс“ и „M&M“ расте во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarytk2a6pvrbq8a9L1xBWv

Американската прехранбена компанија Марс Инкорпорејтед планира значително проширување на својот производствен погон во Ступино, во московскиот регион, со што до 2027 година производствениот капацитет ќе се зголеми за речиси 500 тони слатки дневно.

Според податоците објавени на страницата на руското државно тело за надзор на градежништвото, фабриката ќе добие нов производствен комплекс со површина поголема од 26.000 квадратни метри.

— реклама —

Во новиот погон ќе бидат поставени линии за производство и пакување чоколади и слатки, а проширувањето ќе биде изградено како дел од постојната фабрика во Ступино.

— реклама —

Во објектот се планирани три производни линии. Две од нив ќе произведуваат по 216 тони чоколадо дневно, додека третата ќе има капацитет од 67 тони слатки на ден.

— реклама —

Изградбата треба да заврши во јуни 2027 година. Инвестицијата ја реализира Марс ЛЛЦ Русија, руската подружница на американската групација, но точниот износ на вложувањето не е објавен.

Компанијата е присутна на рускиот пазар од 1991 година, кога ја основала подружницата „Мастер фудс“ и почнала продажба на производи како Ем-енд-Емс, Марс и Сникерс, како и храна за домашни миленици од брендовите Вискас и Педигри.

Првиот производствен комплекс на компанијата во Ступино бил отворен во 1995 година, а покрај него „Марс“ има производствени капацитети и во Новосибирск, како и во московскиот и улјановскиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20181222-prekrasni-fotografii-od-ogromen-krater-na-mars-prepoln-so-mraz-1

Бомба од НАСА: „Го слушаме пулсот на Марс цели четири години, го имаме одговорот на прашањето на сите прашања!“

Свет | пред 1 година

— реклама —
hayabusa2-1-1024x576-960x540-1

Windows 98 повеќе нема да се користи за вселенското летало Mars Express

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања