Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Mакедонијапат известува дека од 29.05.2019 - (среда) во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот помеѓу млекара Дуброво и село Војшанци. За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16 часот. Како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија - Корешница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.
Виадукт трејд ДООЕЛ Гостивар, известува дека на ден 27.05.2019 па се до 29.05.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Штип - Кадрифаково за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.