Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе биде свежо и ветровито, а во западните планински предели ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде силен од северен правец, со брзина до 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне 22 степени.