Денес времето ќе биде променливо облачно со локален слаб снег во северозападните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80 км/час. Температурата ќе се движи од -4 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно време со мали сончеви периоди и температура од -1 до 3 степени.
Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
