Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
dozd-1

Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови каде имаше ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а на моменти повремено засилен ветер од променлив правец.

— реклама —

Максималните температури ќе се движат од 1°C на Попова Шапка до 18°C во Гевгелија. На некои повисоки места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 62 cm, а наврнат воден талог во последните 9 часа е 5 l/m² во Охрид.

— реклама —

До крајот на денот се очекува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието, со локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи.

— реклама —

Утре ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ветерот ќе дува умерен, повремено засилен од северозапад. Минималната температура ќе се движи од -2 до 4°C, а максималната од 11 до 18°C. Во Скопје, минималната ќе достигне 4°C, а максималната 16°C, со умерен северен ветер.

— реклама —

Под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на работната седмица се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, во среда локално над 20 l/m², а во четврток пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²). Петок ќе биде со послаб интензитет на врнежите, додека ветерот ќе дува умерен до засилен од северозападен и североисточен правец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Променливо облачно време, во западните делови можен слаб дожд

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Македонија | пред 3 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања