„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Промоција на филмот „Ти си Алеф“ со Игор Џамбазов утре во МОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет,  ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ , чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.

— реклама —

Ти си Алеф е играно - документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по  патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму.

— реклама —
Улогата на Алеф ја игра Игор Џамбазов. Посебен белег на вечерта се настани што го отсликуваат патот до Алеф: концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), понатаму ликовна изложба со мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар, хуманист), како и изложба на фотографии на тема: „Од пепелта до вистината со Алеф“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања