Промоција на филозофската книга „Менциј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Mencij

На 17 јуни 2022 година (петок), со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата од областа на старата кинеска филозофија, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.

— реклама —

Книгата, која е издание на „Македоника литера“, ќе ја промовира проф. д-р Ристо Солунчев.

— реклама —

За местото на Менциј во класичната кинеска филозофија ќе зборува д-р Игор Радев.

— реклама —

Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј првпат интегрално се објавува на македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј.

Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.

„Македоника литера“ претходно ги има објавено „Лун Ји (Беседи и мислења)“ на Конфучиј (познати и како „Аналектите“ или „Изреченија“), „Тао Те Кинг“ на Лао Це и „Безгрижно талкање“ на Чуанг Це.

Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 п. н. е.) е еден од стожерните филозофи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни филозофи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања