Промоција на книгата „Кутикула“ од Будимка Поповска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Kutikula

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на книгата „Кутикула“ од Будимка Поповска на ден 16.06.2022 година, почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19.

— реклама —

„Кутикула“ е збирка прозни записи настанати во едно време – невреме во кое духот на времето загатна еден куп неразрешени егзистенцијални загатки, на кои, за жал или за среќа, не постојат книжевни одговори. Одговори запишани во книга коишто чекаат таму некој да ја отвори и да добие готов увид во решенијата и се обидува да го долови тоа сознание, дека секој човек е индивидуа којашто мора сама да дојде до клучните одговори во животот од коишто зависи нејзиниот опстанок и развој.

— реклама —

Книгата ќе биде претставена со осврт на Тихомир Јанчовски, делови од книгата ќе чита Будимка Поповска, музичка изведба на Ѓоко Здравески.

— реклама —

Будимка Поповска студирала класична филологија на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Во периодот од 1996 до 2015 живее во манастир, каде што ја изучува старата македонска школа на цртање икони. Истовремено го уредува списанието за духовни вредности „Премин“ (од 2000 до 2012г.) и учествува во бројни телевизиски и радио документарни емисии од областа на духовноста. Истовремено објавува текстови во дневните весници „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Утрински весник“. Во наредниот период се враќа дома. Живее во Скопје и работи како иконописец, колумнист (фриленсер) во македонската периодика. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2013 година. До сега има објавено неколку книги поезија, есеи и раскази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања