Промени тема
Контакт

Промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Kniga_korica_18.10.23

Во рамки на прославите по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба овој петок во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00ч. ќе се одржи промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев.

„За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи 21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември 2016 година до 14 февруари 2022 година во авторскиот проект Quo vadis и во редовната саботна програма Радио Спектар на Македонското Радио. Во трудот се опфатени разговори за Крсте Петков Мисирков и неговата книга „За македонцките работи“, за Свети Климент Охридски, за Блаже Конески, за Григор Прличев, за Белите Мугри на Кочо Рацин, за македонистичките јубилеи , за најновото издание на Правописот, за Законот за јазиците , за најновата бугарска антимакедонска кампања која го негира и постоењето на македонскиот јазик, за предизвиците пред кои е исправен нашиот македонски јазик.

— реклама —
— реклама —

Содржината на книгата е сместена на 360 страни, а рецизенти се поранешниот словенечки амбасадор проф. д-р Милан Јазбец и доц. д-р Бобан Карапејовски.

— реклама —

Издавач на книгата „За маекдонистиката отворено“ е Општина Охрид. промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања