Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

На 16 ноември (среда) 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е

— реклама —

добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци’’ за 2022 година што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

— реклама —

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

— реклама —

Настанот ќе се одржи во Спомен соба ,,Т’га за југ”.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо - американска литература. Автор е на 8 поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.

За своето творештво ги има добиено наградите Студентски збор,Браќа Миладиновци, и престижното меѓународно признание Ѓакомо Леопарди во Италија.

Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања