Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Промовиран новиот „Локален еколошки акционен план“ на Општина Центар за 2019-2025 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одржа прес конференција за промоција на новиот „Локален колошки акционен план“ (ЛЕАП) за 2019-22025 година. Гостин - говорник на настанот беше Славјанка Пејчиновска-Андонова, управителка во Друштвото за техничко консултантски услуги „Екомозаик ,партнер во изработка на ЛЕАП-от, заедно со Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс-Ема“.

ЛЕАП-от претставува стратешки документ со кој општината ќе обезбеди заштита на животната средина и повисок квалитет на живеење за граѓаните  како основни постулати за нејзин одржлив живот. Во ЛЕАП-от се идентификувани сегашните состојби со медиумите во животната средина и евидентирани се клучните предизвици, изразени во: нарушениот квалитет на воздухот, управувањето со отпад, зголеменото ниво на бучава и градежната експанзија, како проблеми со кои се соочуваме во нашето секојдневие во доменот на животната средина.

— реклама —

„Во иднина ќе се залагам за проширување на надлежностите поврзани со заштита на животната средина на локално ниво, донесување и реализација на урбанистичка планска документација согласно стандардите и нормативите во кои ќе се запазува процентот на зелените површини, зголемувањето на ефикасноста на локалната администрација. Дополнителноќе се залагам за подигнување на свеста кај населението за заштита на животната средина и да ја етаблираме Општина Центар како еколошки одржлива општина која нуди услови за хумано живеење.“ –изјави градоначалникот Богдановиќ.

ЛЕАП-от на Општина Центар е уште една потврда за продолжување на напорите на општината да воспостави успешна соработка со еколошките невладини организации и соработка со бизнис заедницата за почитување на законските одредби и зајакнување на капацитетите, со цел да се постигне намалување на потрошувачката на природните ресурси и емисии во медиумите на животната средина.

— реклама —

„Од вкупно 46 предложени мерки, на воздух се однесуваат 17, на вода – 8, на природа – 7, на отпад – 6, на почва – 5 и на бучава – 3. Најзастапени се мерките чија реализација е од 25% до 75% (20 мерки), потоа следуваат мерки чија реализација е поголема од 75% (17 мерки) и најмалку застапени се мерките чија реализација е помала од 25% (9мерки)“ – изјави Славјанка Пејчиновска-Андонова.

„Во соработка со Вас, граѓаните на Општина Центар, нашите партнери и соработници се надевам на успешно реализирани активности и проекти и со тоа, заедно да го потврдиме нашиот одговорен однос во интегрирањето на заштитата и унапредувањето на животната средина во економскиот и социјален развој на општината.“ – додаде Богдановиќ.

Изработката на ЛЕАП документот за Општин Центар се темели на Националаната методологија за подготовка на ЛЕАП, усвоена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. За потребите беа номинирани членови на Локалниот управерн комитет и претставници од јавни установи, Град Скопје, јавни претпријатија, образовни и академски институции и НВО-а.

фото:Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања