Денеска во Охрид беше промовирана новата суверенистичка платформа „Македонска независна листа“, која со свои листи на пратеници ќе излезе на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12-ти април.
Оваа платформа обединува македонски движења, партии, независни граѓански здруженија, компании и земјоделски стопанства, како и голем дел од македонската дијаспора.
Денеска го отвораме новиот пат во Македонската историја, новата Ера – Ера Трета, Патот на Сонцето. Овој пат симболично го почнуваме од Охрид, градот со седум милениумска историја, градот на Македонската писменост, градот под Самоиловата Крепост, градот на Прличев и Узунов, градот каде што секое камче е жиг на нашиот Македонски Национален идентитет, истакна Наташа Спасеска.
Програмата на суверенистичката платформа на „Македонската Независна Листа“ ја промовираше Горан Тасковски. Тор истакна:
„Нам ни треба Македонија, на Македонија сме им потребни ние! Ова е мотото под кое иницијативата за Македонија односно “МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ” односно Македонскиот Народ ќе ја водаи својата борба во предстојниот период и потоа.
Што е тоа што не обедини нас и голем дел од нашата дојаспора да застанеме со заеднички сили и да започнеме еден тежок процес?
Со еден збор е идејата. Идејата за ресетирање на Република Македонија, враќање на нејзиниот суверинитет, интегритет и дигнитет во рамки на своето постоење, а воедно враќање на угледот кај соседите и светот кој некој со години го рушеше.
Како новина на македонската политичка сцена свесни сме на сите потешкотии кои не очекуваат, сега и во иднина, но исто така свесни сме дека борбата за идејата никогаш не била лесна. Идејата е таа кои ги обедини поддржувачите и симпатизерите на МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ.
Идејата и љубовта кон татковината ги натера сите чесни родољуби да застанат на страната на својата земја и своите сограѓани од сите етнички групи. Прва и основна задача на сите нас е Република Македонија како стабилна и перспективна целина во сите нејзини општествени сегменити… пред се Македонските Национални Интереси, социјала, економија, образование, здравство преку реални проекти и решенија, истакна Тасковски.

Програмата нуди решенија засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи. Никола Танчевски го претстави акцискиот план „Ера Трета“ и потенцира дека дел од нивните проекти веќе се спроведени во практика како пилот проекти и се покажале функционални.
„Нашата програма е амалгам на 47 програми и идеи собрани од многу чисти организации и поединци досега отфрлени од партиските системи заради нивниот чист Македонски дух. Ние го проширивме тој амалгам од програми со дополнителни 70% од решенијата засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи. Е3 е единствениот суверенистички концепт што се бори против глобалофашистичкиот систем и ги обединува сите чисти организации и луѓе.
Концептот е чисто заснован на функционални дисруптивни иновативни производи и системи кои имаат директно позитивно влијание врз населението, кај нас нема дисусии и нема ЌЕ (Идната Форма на Глаголот Лажам).
Како функционира:
- Социо-економски системи кои генерираат 300000 нови работни места за да можеме да вработиме сите луѓе и да ја префрлиме нашата гломазна јавна администрација што служи како одвод на буџет и машина за гласање на деловен модел што генерира приход отколку наместо трошок, во случаи кога заработува 1 евро во вредност од 2 евра без да се оштети деловниот сектор или пензиските фондови
- Иновации во брзи и ефикасни градежни методи кои гарантираат дом за секого и раст и експанзија на Македонската Градежна индустрија и во странство без последици за екологијата
- Продукти во соларна енергија и микро мрежи за целоана енергетска независност
- Нано-биотехнолошки производи за решавање на сите проблеми со изворите на загадување на воздухот, спречување на ерозијата и пошумување на пустините.
- Образовни системи што ги вклучуваат децата во наука, уметност, истражување и развој, земјоделство, инженеринг уште од најраните години
Сите горенаведени и стотици други веќе се во тек повеќе време и се работи. Така, имаме многу работи за да покажеме однапред, истакна Танчевски.
Инаку во новата суверенистичка платформа „Македонска независна листа“обединети под исто знаме и мисија, како што кажаа се Движењето Бојкотирам, Мир, Беломорска Партија и Егејските Здруженија, Фаланга за Вечна Македонија, Кординативното тело на Македонците во Европа, Македонското исселеништво преку Кординативното тело на Македонците во Светот, Црковни Општини во Дијаспората, преку 120 други независни граѓански здруженија, стотици компании и земјоделски стопанства и илјадници поединци.