Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Промовирана поштенска марка за посетата на папата Франциск

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-1

По повод утрешната посета на папата Франциск на Скопје, денеска во Собранието беше промовирана поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на промоцијата рече :

— реклама —

-Како што ви е познато, утре кај нас доаѓа во посета Папата, поглаварот на Римо- католичката црква во рамките на неговата Балканска турнеја и оваа промоција е навистина одличен начин за да се забележи овој историски настан. Папата Франциск е познат по својата скромност и широкогледост, повикува на еднаквост, противник е на насилството и е прогресивен во своите ставови и ја поддржува еволуцијата, токму затоа е широко прифатен од младите ширум светот и за нас е огромна чест што утре ќе бидеме домаќини на оваа посета.

Иако во Република Северна Македонија католичката заедница е помала во однос на другите верски заедници, сепак неоспорен е нејзиниот ценет придонес во градењето на соживотот во нашата земја, нешто што не е воопшто лесно меѓутоа, како што вели и Папата во неговата видео порака упатена до Северна Македонија, „вреди да се вложи тој напор, бидејќи посебната убавина на нашата земја се должи токму на различните култури, заедници и религии што живеат во неа, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои“.

— реклама —

Ние, иако мали по територија и по број на жители, имаме што да понудиме во градењето на еден поубав свет за сите. Исклучителен пример за тоа е нашата Гонџе Бојаџиу, големата светица Мајка Тереза која неуморно се даде себеси и сето свое битие за да ги утеши сиромашните, немоќните, болните.

Нека посетата на Папата Франциск биде охрабрување за сите нас да бидеме подобри луѓе, потолерантни кон различните од нас, одговорни и посветени луѓе претставници  на народот кои ќе бидат посветени на градење на подобра иднина за идните генерации, истакна Џафери.

Инаку на промоцијата пристуствуваа потпретседател Влада на Република Северна Македонија, директорот на македонски пошти  Рустеми,Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, Монсињор д-р Киро Стојанов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања