Промени тема
Контакт

Промовирана програмата за првото издание на Ohrid Water Festival

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Ohrid-Water-Festival

Од 19-ти до 27-ми август 2023 година во Охрид ќе се организира првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.

Фестивалот се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.

Денеска на прес-конференција беше промовирана официјалната програма на фестивалот која вклучува спортски настани и пропратни социјално-забавни содржини.

— реклама —

Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека Ohrid Water Festival e една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови.

– Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам.

— реклама —

Навистина сум среќен и горд што низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Имам голема чест и задоволство да ви го најавам првото издание на големата спортско-промотивна манифестација Ohrid Water Festival која ќе се одржува од 19 -ти до 27-ми август.

Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот.

Врз основа на прецизен концепт, посветена работа, подготвивме детална програма со 17 спортски настани кои верувам дека ќе донесат незаборавно доживување за учесниците и ќе го привлечат вниманието на публиката. Покрај сите традиционални натпревари и настани, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 26-ти август и кој од минатата година е под целосна организација на Општина Охрид соработка со Пливачката федерација на Македонија.

— реклама —

Спортскиот дел од фестивалската програма ќе биде надополнет со голем број социјално-забавни настани, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други културни и едукативни содржини, рече Пецаков.

Тој упати признание до организациониот тим на фестивалот и сите клубови за водени спортови.

— реклама —

– Знам дека секој чекор од концепцијата до имплементацијата, за сите вас беше преполн со предизвици и неуморен ангажман и затоа во мое лично име и во името на локалната самоуправа искрено ви благодарам. Вашиот тимски дух и координираноста ја направија оваа иницијатива вистински успешна и значајна и затоа сум уверен дека доколку и во иднина ја продолжиме оваа соработка, фестивалот ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе стане препознатлив белег на нашиот град.

Јас како градоначалник и Општина Охрид секогаш ќе бидеме подготвени да ја дадеме сета потребна поддршка на ваквите настани кои ја афирмираат уникатноста и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот регион, потенцираше Пецаков, при што упати покана до сите љубители на природата, спортот и добрата забава да дојдат во Охрид од 19-ти до 27-ми август и да уживаат во првото издание на Ohrid Water Festival и во сите убавини на Охридското крајбрежје.

Освен промоција на фестивалската програма, на прес конференцијата беше промовирана и официјалната веб-страница на фестивалот која е своевиден генератор на сите потребни информации за водените спортови на Охридското Езеро и располага со корисни детали поврзани со клубовите за водени спортови кои функционираат во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања