Промени тема
Контакт

Пронајден е возачот кој прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library3s0b2eagdai33DuhsvU

Полицијата го пронајде и го идентификуваше возачот кој вчера удри тригодишно девојче во Визбегово и го напушти местото на несреќата.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајната несреќа се случила на 19 јуни околу 19 часот во скопското село Визбегово, кога патничко возило удрило во детски велосипед, управуван од тригодишно девојче од Скопје.

Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што возачот избегал од местото на настанот.

— реклама —

По преземените мерки за расчистување на случајот, полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди денеска го пронашле возилото и го идентификувале возачот.

— реклама —

Станува збор за патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Џ.Б. од скопското село Добрино.

Од МВР соопштија дека над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Нема фотографија

Амстердам наскоро ќе тестира систем за далечинско забавување за е-велосипеди

Технологија | пред 2 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања