На 04.03.2022 во 22.15 часот во ОВР Кавадарци М.И.(49) од Кавадарци пријавил дека во шумско стопанство од Кавадарци во место викано „Мала Круша“, атар на с. Мајден, кавадаречко чуварот во нивниот објект Б.Ј.(52) од с. Тремник, неготинско бил пронајден починат. На местото на настанот е излезено од доктор од итна медицинска помош Кавадарци и е констатирана смрт без траги на насилство. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.
Пронајден мртов чувар на шумско стопанство од Кавадарци
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија