Тело на 38-годишниот Лирим Хајредини од Скопје утрово било пронајдено пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен околу 9:25 часот во СВР Скопје. На местото веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, при што било констатирано дека лицето им подлегнало на здобиените повреди.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
За случајот е известен јавен обвинител, а во тек е увид на местото на настанот. Повеќе детали за околностите под кои настанала трагедијата се очекуваат по завршувањето на увидот.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на „Алсат“, првата национална телевизија на албански јазик.
Во текот на професионалната кариера работел во медиумскиот сектор, каде што имал искуство во управување, маркетинг, развој на деловни стратегии и телевизиска продукција.
Покрај менаџерската работа, Хајредини бил ангажиран и како преведувач на стручна литература.