Вчера имаше потрага по исчезнато лице во Општина Битола.
Конкретно Регионалниот ЦУК Битола, информираше дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на неговите родители во МВР СВР Битола во 20:30 часот.
Пред полноќ акцијата успешно завршила. Во 23:50 часот од полицајците на МВР СВР Битола изгубеното лице е пронајдено.