Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пронајдена бомба во центарот на Келн, прекинати ТВ-програми и затворени сообраќајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
bomba-1
Илустрација

Во германскиот град Келн денеска е во тек голема евакуација откако во близина на реката Рајна беше пронајдена голема американска бомба од Втората светска војна, која треба да биде деактивирана.

— реклама —

Според германските медиуми, бомбата била откриена во средата вечерта во Рајна, во близина на Рајнпарк во населбата Дојц. Властите веднаш воспоставиле безбедносна зона со радиус од 400 метри, а жителите и деловните субјекти во тој реон добиле наредба итно да се евакуираат.

— реклама —

Во зоната што се евакуира се наоѓаат и студијата на германските телевизии РТЛ и НТВ. Поради тоа, информативната емисија „RTL Aktuel“ наместо од Келн ќе се емитува од студиото во Берлин.

Градските власти соопштија дека редовно ќе ја информираат јавноста за текот на евакуацијата и за активностите околу деактивирањето на бомбата.

— реклама —

Истовремено, ќе се објавуваат и информации за затворените сообраќајници, како и за влијанието врз жителите и сообраќајот во градот.

— реклама —

Надлежните посочуваат дека времетраењето на операцијата ќе зависи од тоа колку брзо ќе биде целосно испразнета опасната зона околу местото каде што е пронајдена бомбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања