Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана. По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М.
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
Поврзани содржини
(Фото) Се развозувал со кокаин и оружје, а носел и полициска опрема - уапсено лице од беровско
Македонија | пред 12 минути
Уапсен велешанец кој нападнал полицаец и се шетал на слобода
Македонија | пред 22 часа
Пукал со пиштол и се снимал, полицијата го пронајде и го уапси
Македонија | пред 22 часа
Инцидент во светиниколско: Приведени две лица, трето нападнало полицаец
Македонија | пред 22 часа