Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид на 22 септември презел мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога во струшкиот регион.
Како што соопшти МВР, околу 15:45 часот во близина на селото Мали Влај, струшко, полициските службеници го лишиле од слобода Б. Т. (40), откако при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.