На 02.07.2022 околу 12.00 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање, Куманово било пријавено дека во кругот на затворот била пронајдена ќеса со марихуана и два мобилни телефони. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид на местото, а дрогата и предметите биле подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Пронајдена марихуана и мобилни телефони во затворот Куманово
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија