Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
50301911_861105720888059_4697401750200516608_n

За време на извршувањето на своите секојдневни активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје неретко се изложени на разни видови ризици и опасности.

— реклама —

„Во текот на денешниот ден, во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, нашите оперативци забележале шок-бомба. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.

— реклама —
— реклама —

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања