На паркингот „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, вчера бил приведен С.А. (25) од село Студеничани, Скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило.
Во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти (12 од Авганистан и двајца од Сирија).
С.А. и лицата-мигранти се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка, соопшти МВР.
фото: Архива