Најмалку 39 мртви тела се пронајдени во приколката на камион во Есекс во Англија соопшти полицијата. Возачот на камионот, 25-годишен маж од Северна Ирска, е уапсен под сомнение за убиство. Властите соопштија дека камионот дошол од Бугарија и влегол во Велика Британија преку Хрихед, во саботата.
„Првите испитувања покажуваат дека починале 38 возрасни лица и еден тинејџер. Идентификувањето на жртвите ќе биде долг процес“, соопшти полицијата на Есекс.
